
Димензиите се:11,70х7,80 м. Носивните
ѕидови се со Д=0,80-1,00 м.Апсидата е полукружна,со две ниши централно и
бочно.Иконостасот е со димензии: 6,12х5,00х0,10
м,подигнат на нивото на црквата за една скала.Кровот е на две
води.Црквата добро се одржува.
Црквата е живописна на северната и јужната
страна,од Крсто Николов и неговиот син Рафајло,во 1923 година ,двајцата од
Галичник.
Во последните неколку години извршена е
санација на црквата.Изработен е ограден
ѕид со влезна врата на дворот,изградени се нова камбанарија и нова
трпезарија(појата),а уредени се и селските гробишта што се наоѓаат во дворот на
црквата.
No comments:
Post a Comment