Wednesday, May 17, 2017

Црква “Свети Јован Богослов”-Прељубиште


Црквата Свети Јован Богослов е изградена во 1913 година врз темелите од старата мала црквичка и  е посветена на истиот апостол.Црквата е еднокорабна, лажно засводена полуцилиндречен свод,а обновена е во поново време.Црквата има две дрвени затеги и полукружна апсида.Во црквата се влегува централно,преку тремот или бочно од јужната страна.Таасе состои од трем,централен простор и олтарен дел.
    Димензиите се:11,70х7,80 м. Носивните ѕидови се со Д=0,80-1,00 м.Апсидата е полукружна,со две ниши централно и бочно.Иконостасот е со димензии: 6,12х5,00х0,10  м,подигнат на нивото на црквата за една скала.Кровот е на две води.Црквата добро се одржува.
   Црквата е живописна на северната и јужната страна,од Крсто Николов и неговиот син Рафајло,во 1923 година  ,двајцата од   Галичник.

   Во последните неколку години извршена е санација на црквата.Изработен  е ограден ѕид со влезна врата на дворот,изградени се нова камбанарија и нова трпезарија(појата),а уредени се и селските гробишта што се наоѓаат во дворот на црквата.

За селото Прељубиште

Селото се наоѓа во полошката  рамнина,меѓу селата Туденце и Шемшово,околу 1.5км од реката Вардар. Првобитното старо село Прељубиште се наоѓа западно од денешното село на местото кое денес се нарекува  “ Ограда”.Многу подоцна,селото е раселено  и на старото место се пронајдени разни предмети,ископани и пронајдени се  многу гробови како и многу темели на куќи и на црква.Таму денеска постојат ниви. Во 1737 година селото се споменува и тука секојдневно престојувал турскиот субаша што го застапувал бегот.
Во 1836,во селото е изградена мала црквичка посветена на Свети Јован Богослов која била покриена со слама.